Во писмото се вели:
„Со длабоко жалење ја примив веста за смртта на академик Георги Старделов, еден од столбовите на македонската филозофска мисла и македонската наука и голем пријател на Универзитетот ҆Гоце Делчев҆ во Штип. Дозволете ми во мое име и во име на Универзитетот ҆Гоце Делчев҆ во Штип да ги изразиме нашето искрено и длабоко сочувство.
Во сеќавањата на Универзитетот ќе останат врежани спомените за неговата улога во поддршката и промоцијата на научна мисла од основањето па сѐ до последниот ден од неговиот живот. Ние остануваме благодарни за неговиот личен придонес во развојот на македонската наука и ќе ја паметиме и почитуваме неговата улога како голем научник и добар човек“.