Преку Oтворените денови на Факултетот за медицински науки ќе се запознаете со можностите и придобивките од студирање на некоја од трите академските студии: студии по општа медицина, студии по дентална медицина и студии по фармација, или студирање на некоја од тригодишните стручни студии за: медицински сестри, акушерки, медицински лаборанти, забни техничари-протетичари и физиотерапевти. Исто така, ќе имате можност да се запознаете со лабораториските и инструменталните капацитети за изведба на практичната настава на Факултетот за медицински науки, а ќе има и отворена дискусија со поранешни и сегашни успешни студенти, во која, ќе можете да се вклучете и вие. Несомнено, Oтворените денови на Факултетот за медицински науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип ќе ви бидат од исклучителна важност за донесување на сопствени решенија и определби за ваш понатамошен развој како академски граѓани.
Имајќи ја предвид тековната ситуација со пандемијата предизвикана од SARS-CoV-2, Oтворените денови на нашиот факултет ќе се реализираат виртуелно, а целиот настан ќе се одржи на 17 април (сабота), со почеток од 12 часот, преку апликацијата Microsoft Teams и на него ќе можете да се вклучите преку следниов линк: