На трката учествуваа 680 учесници од цела Македонија, а трката на 10 километри се бодуваше и за Државното првенство на Македонија.
Трчајќи на 5 км и 10 км, во прекрасно време и дружба, атлетичарите и рекреативците на УГД постигнаа одлични резултати. Поголемиот дел учествуваа на трката од 5 километри, која практично е замислена како можност за тим билдинг и спортување на екипи составени од институции и компании, но УГД имаше и тројца претставници на трката на 10 километри.
Факултетот за туризам и бизнис логистика на УГД, кој е лоциран во Гевгелија, практично на некој начин им беше домаќин на своите колеги кои трчаа и се дружеа со останатите вљубеници во трчањето на „Run Gevgelija“.
#FTBL#Sportskicentar#UGD#zdravzivot#zdravinaviki