УГД го одбележа Светскиот ден на науката

Универзитетот „Гоце Делчев“ денеска во Кампус 2 го одбележа Светскиот ден на науката - 10 ноември. Со предавања, настап на студентите од Ликовна и од Музичка академија и со посета на средношколците се стави акцент на значењето на науката за развојот на општеството и цивилизацијата.

- Денеска го одбележуваме и на некој начин го прославуваме Светскиот ден на науката. Ова претставува еден нов момент и начин на којшто Универзитетот ги повика средните училишта да дојдат во наставно-научниот центар на УГД и да ги видат сите лаборатории со кои располага Универзитетот. Ова е само почеток на она што ќе претставува тековно одбележување на сите важни датуми прогласени од меѓународните организации.изјави проректорот за наука на УГД, доц. д-р Кирил Барбареев

Голем дел од средношколците и студентите кои беа присутни на денешниот настан дојдоа и на предавањето на проф. д-р Рубин Гулабоски, кој зборуваше на тема „Измами во науката“. Предавањето беше интересно не само за студентите и за средношколците, туку и за голем дел од наставничкиот кадар.  

- Напредокот на едно општество зависи, пред сѐ, од развојот на науката. Во сите сегменти на едно општество науката има огромно влијание. Сведоци сме дека во последно време, покрај позитивните придобивки од науката, има и голем број аномалии. Пред сѐ, зборувам за огромен удел на лажирање и плагијаторство во т.н. наука и денес предавањето е токму на таа тема. Можеби за денот на науката е посоодветно да се зборува за Ајнштајн, за Питер Хигс или за Смит, меѓутоа јас ја одбрав токму оваа тема затоа што во последните десет години  сме сведоци на ненормално лажирање или измами во областа на науката. Лажирањето во науката не е проблем само кај нас, туку и на светско ниво.изјави деканот на Факултетот за медицински науки, проф. д-р Рубин Гулабоски

Целото предавање на професорот Гулабоски може да се најде овде. Покрај предавањата, ова одбележување беше збогатено со активност на студентите од Ликовната академија кои сликаа во холот на Кампус 2 и со студентите од Музичката академија кои имаа музички настап. Универзитетското радио „УГД ФМ“ имаше отворено студио во холот, каде што продефилираа голем број студенти и професори. Следната активност ќе биде меѓународниот и македонскиот ден на студентите.

Последен пат изменето на Петок, 13 Ноември 2015 15:19
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…