Прво место за младиот тенор Илија Белистојаноски во Софија

Десетина дена по дипломирањето во класата на маестро Борис Трајанов, младиот тенор Илија Белистојаноски го освои првото место на „Руската романсијада“ во Софија.

Натпреварот се одвиваше од 6 до 9 ноември оваа година во Рускиот информативен центар во Софија. Имаше над 30 учесници од кои десетина од РМ. За големиот број натпреварувачи од РМ е заслужна пијанистката Елена Силјановска од МОБ, која несебично  работеше со нив на  интерпретацијата на романсите од нејзината родна земја.

Претседател на Комисијата беше заслужниот уметник на Русија г-ѓа Галина Сергеевна Преображенскаја, а жирито, покрај познатиот бугарски баритон Петар Данаилов, го сочинуваа професори и актери од Софиската академија.

Инаку, младиот тенор имаше успешни настапи на концертите на студентите на факултетите за музичка уметност во Скопје и во Штип со оркестарот на МОБ. Тоа не остана незабележано од страна на дирекцијата на МОБ, па во мај 2015 г. како студент настапи на отворањето на Мајските оперски вечери 2015 во улогата на Малколм во Макбет.

Во ноември 2015 година, Илија Белистојаноски дипломираше во класата на маестро Борис Трајанов на Музичката академија во Штип.

Последен пат изменето на Петок, 13 Ноември 2015 15:53
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…