Обука за судско говорништво и правна аргументација

Центарот за доживотно учење на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип организира еднодневна Обука за судско говорништво и правна аргументација. Обуката ќе се одржи на 18 април 2016 година во Центарот за доживотно учење, а предавачи ќе бидат членови на наставничкиот кадар на Правниот факултет при УГД и основачи на Клубот на оратори „Ростра ветера“.

Учесниците ќе се здобијат со теоретски и практични знаења и вештини од областа на судското говорништво и правната аргументација, што ќе им помогне во изразувањето во правниот промет и во зајакнувањето на самодовербата во деловната комуникација. Со осврт на корените на форензичното беседништво, па сѐ до современите тактики на вкрстено испрашување, учесниците ќе можат да ги согледаат поставувањата на темелите на процесното право и ќе развијат практични техники за нивна имплементација во секојдневната работа. Учесниците по завршувањето на обуката ќе добијат сертификат за завршена обука. Податоци за начинот на пријавување можете да најдете на следниов линк

 

 

Последен пат изменето на Четврток, 17 Март 2016 14:27
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…