Со деканот Митриќески разговаравме за сите значајни аспекти од студирањето на Филмската академија, за можностите што ги нуди оваа Академија и за квалитетот на студиите. Според деканот, веќе има многу студенти кои со свои филмски остварувања се претставуваат на филмските фестивали во Македонија и пошироко. Во иднина, според зборовите на деканот, се очекуваат многу повеќе и подобри филмови токму од оваа Филмска академија.
За ова и за многу други прашања поврзани со филмот и со Филмската академија проследете го интервјуто со деканот на оваа Академија.