ТТФ организира изложба и модна ревија
- - Мај 30, 2016
Студентите на Технолошко-технички факултет организираат изложба и модна ревија под наслов „Мода меѓу редови“. Овој несекојдневен настан ќе се одржи во организација на Факултетот и на НУ Универзитетска библиотека „Гоце Делчев“ во Штип.
Настанот ќе се случи утре (31 мај) во 13 часот во просториите на НУ Универзитетска библиотека „Гоце Делчев“ во Штип. Поканети се сите љубители на модата и на уметноста да присуствуваат на овој настан.