„Паратисима“ е интернационален саем за уметност посветен на поддршка и промоција на културата, уметноста и креативните индустрии. „Паратисима“ започнува во Торино, Италија, вo 2005 година, а за нивниот десетти јубилеј се поврзуваат со Скопје и настанува „Паратисима“ - Скопје.
„Паратисима“ оваа година ќе се одржува од 10 до 12 јуни во Младинскиот културен центар во Скопје.