(Видео) Модна ревија и изложба на студентите од ТТФ

Повеќе до 20 студенти од Технолошко-техничкиот факултет направија спектакуларна годишна ревија на модели и изложба на фотографии под наслов „Мода меѓу редови“. НУ Универзитетска библиотека „Гоце Делчев“ беше преполна од млади луѓе, студенти и средношколци кои беа заинтересирани да ги видат моделите и фотографиите поврзани со мода создадени од студентите.

Драго ми е што имаме ваков настан каде што можеме да ги претставиме делата на нашите студенти кои се резултат на нивната работа од конструктивни до дизајнерски елементи. Како факултет можам да се пофалам дека учествуваме на многу вакви манифестации и ги посетуваме сите модни и културни манифестации во државата. Генерално, секоја година практикуваме по завршување со нашите предавања и вежби нашите студенти самостојно  на ваква изложба да го презентираат она што го постигналеистакна деканката на Технолошко-технички факултет проф. д-р Винета Сребренковска

Оваа ревија и изложба студентите ја прават повеќе години по ред и е заеднички производ со наставниците. Станува збор за изложба која носи и сака да пренесе одредена порака.

 

Оваа година заедно со Библиотеката во Штип дојдовме на идеја да реализираме заеднички проект. Темата е „мода меѓу редови“ имаме и изложба на фотографии кои се направени од наш талентиран студент, а како фотомодели се јавуваат нашите студенти. Има и модели изработени во размер еден спрема четири, создадени од нашите студенти. Исто така, ќе се претставиме со модна ревија. Нашите студенти во оваа ревија нема да бидат само манекени, туку имаме за цел да создадеме еден театрален моден настан, каде што ние како институција ќе ја покажеме пораката дека образованието е најмоќното оружје на овој светистакна м-р Сања Ристовски од ТТФ

Студентите велат дека инспирација им се образованието и книгата и целта им е да пренесат пораки дека ова е многу моќно оружје.

Инспирацијата ни е книгата и како таа може да го поттикне човекот да го смени светот. Оваа изложба ние студентите ја работевме четири месециистакна студентката Ана Ѓорѓева од ТТФ

Покрај ревијата, студентот Благој Китановски ги изложи и своите фотографии кои беа направени со модели токму од студенти од ТТФ. Во рамките на овој настан беа понудени и книги кои присутните можеа да ги купат од НУ Универзитетска библиотека „Гоце Делчев“ во Штип.

Последен пат изменето на Четврток, 02 Јуни 2016 09:51
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…