Студенти од Музичката академија наградени на натпревар по пијано во Италија

Пијанистките Карла Биков и Елена Ефремова, студентки на Музичката академија при Универзитет „Гоце Делчев“, со голем успех се претставија на Меѓународниот натпревар по пијано кој се одржа од 17 до 23 мај во Венеција, Италија. Карла Биков се натпреваруваше во категорија за соло пијано, каде што меѓу 11 учесници од Италија, Јапонија, Кина, Србија, Албанија, беше наградена со трета награда. Во категоријата пијано дуо, Карла Биков настапи заедно со Елена Ефремова и нивниот настап донесе четврта награда и највисоки пофалби од жири-комисијата, како и покана да одржат концерти во Србија и во Италија.

Биков и Ефремова се студентки во класата на проф. д-р Емилија Потевска-Попивода под чие менторство се одвиваа повеќемесечните подготовки за натпреварот. Пред настапот во Венеција, како дел од подготовките тие одржаа серија концерти во Македонија, и тоа во Штип, Велес и во Скопје. Ова претставување на меѓународната пијанистичка сцена е од особено значење за студентите на Музичката академија во процесот на градењето на пијанистичката кариера, поради можноста да застанат на сцена со пијанисти од целиот свет, да разменат искуства и воспостават контакти со реномирани педагози и пијанисти, да отвораат можности за идни настапи. Овие награди се уште една потврда за квалитетот и успешната работа на Музичката академија при УГД.

Последен пат изменето на Среда, 01 Јуни 2016 09:45
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…