Фестивал на непрофесионален филм во Штип

Филмската академија при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип и Кино сојузот на Македонија организираат Државен фестивал на непрофесионален филм.

Овој фестивал се организира по 45-ти пат, а за првпат домаќин на настанот е градот Штип.

Фестивалот ќе се одржи на 10 јуни 2016 година (петок) со почеток од 19 часот во Мултимедијалниот центар на Универзитет „Гоце Делчев“.

Редоследот на филмови кои влегоа во официјалната конкуренција е следен:

• Кошмар во сино – Ана Андонова

• Умина душа – Јован Наумоски

• 1 денар – Ханис Багашов

• Сивата шума – Ѓорѓи Лазов

• 100 години потоа – Петре Чаповски

• Комињак фест – Љупчо Петровски

• Поздрав од Скопје – Џолев и уметностите

• Јануари над Тетово – Ана Андонова

• Ковач – Горан Попоски и Анастасиа Бошкоска

• Пеце Ристевски: Извештај за едно време – Давид Дољаница, Сузана Ал Салкини, Теодора Силјаноска

• Raison D'etre – Стефан Сидовски

• Длабоко – Батухан Ибрахим

• Лица – Ханис Багашов.

Влезот е бесплатен и на настанот се поканети да присуствуваат сите студенти и млади, но и сите останати љубители на филмот и уметноста.

 

Последен пат изменето на Четврток, 09 Јуни 2016 15:38
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…