Филм на студент на Филмската академија ќе се прикажува на фестивалот во Жирона

Уште еден успех на Филмската академија при Универзитетот „Гоце Делчев“. Филмот „Потера“ на студентот Предраг Петровиќ влезе во конкуренцијата на 28. издание на филмскиот фестивал во Жирона.

Филмот „Потера“ третира интересна тематика поврзана со бегалската криза и тероризмот развиен во Сирија и ИСИС.

Филмскиот фестивал во Жирона е фестивал каде што дебитирале многу големи филмски имиња и се прикажале одлични филмски остварувања. Фестивалот постои од 1989 година и на него се среќаваат режисерите, актерите и сите останати филмски работници од целиот свет.

Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…