Овој настап на Штерјов е дел од проект што се реализира со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија. Штерјов досега одржал повеќе рецитали низ Македонија, кои се поддржани од Министерството, настапил како солист со Македонската филхармонија и е апсолутен победник лауреат на меѓународниот натпревар „Дојрана“ во 2014 година.
Оваа година тој оствари свој настап во Белгија во рамките на мастер-класот што проф. д-р Милица Шкариќ го одржа таму, претставувајќи се со дела од Бах и од македонскиот композитор Томислав Зографски, кои беа премиерно изведени. Добитник е на Наградата „9 ноември“ на Општина Велес за афирмација и промоција на областа на културата и уметноста.
Штерјов неодамна дипломира со највисока оценка во пијано класата на проф. д-р Милица Шкариќ при УГД - Штип.