Промовирана книгата „Егзистенцијалии“ од професорот Трајче Стојанов

Доц. д-р Трајче Стојанов денес имаше промоција на својата прва поетска книга „Егзистенцијалии“. Книгата беше промовирана во НУУБ „Гоце Делчев“, а промотор на книгата беше проф. д-р Блаже Китанов.

Стихозбирката „Езистенцијалии“ на нашиот колега Трајче Стојанов е негова прва книга песни и можам веднаш да кажам дека изненадува со својот поетски поход. Најважно е да се каже дека Трајче Стојанов во оваа книга се зафаќа со мошне тешка задача да пее за феноменот за љубовта, творењето и феноменот на постењето и непостоењетоистакна промоторот проф. д-р Блаже Китанов

Авторот на книгата доц. д-р Трајче Стојанов, кој е професор на Универзитетот „Гоце Делчев“, истакна дека оваа негова прва поетска книга има философска позадина и е инспирирана од дански философ.

Книгата е насловена „Егзистенцијалии“ и реферира на нешто што во философијата се нарекува егзистенцијална философија. Инспирирана е од еден дански философ кој се вика Серен Кјеркегор, кој главно се фокусира на човековата егзистенција со неговите маки и тегоби. Тој прави поделба на човековата егзистенција на три фази: етичка, естетска и религиозна. Мојата поезија на некој начин е така структурирана. Преку песни го образложувам философскиот систем на овој дански философистакна авторот на книгата Трајче Стојанов

Книгата е во издание на НУУБ „Гоце Делчев“ и е во продажба по симболична цена, а интересно е тоа што средствата од продажбата ќе одат во фонд за издаваштво кој ќе се формира во библиотеката и со тој фонд ќе се издаваат изданија на млади автори.

Галерија

 

Последен пат изменето на Среда, 07 Септември 2016 16:19
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…