Ниче за моќта на музиката

“Музиката, единствена помеѓу сите уметности е во истовреме комплетно апстрактна и длабоко емоционална“, вели Oliver Sacks, во неговиот текст за музиката како сила која го движи човековиот дух.

“Музиката, единствена помеѓу сите уметности е во истовреме комплетно апстрактна и длабоко емоционална“, вели Oliver Sacks, во неговиот текст за музиката како сила која го движи човековиот дух, сила која ги покорила некои од најголемите, брилијантни умови на човештвото преку стравопочит која го надминува интелектот.

Меѓу нив беше големиот германски филозоф Фридрих Ниче, кој изјави дека „Бог е мртов“ и веруваше дека она што е вредно ја наоѓа својата прошка во музиката.

Во еден автобиографски фрагмент, кој може да се најде во книгата „Friedrich Nietzsche: A Philosophical Biography, германскиот интелектуален гигант пишува:

„Господ ни ја дал музиката, така што конечно може да не води напред. Музиката ги обединува сите квалитети: може да не величи, да не оддалечи, развесели или да го скрши најтврдото во нашите срца со најнежното од своите меланхолични тонови. Но, нејзината примарна задача е да ги води нашите мисли кон возвишени нешта, да не воздигне, па дури и да не растрепери... Музичката уметност често зборува низ звуци подлабоки од поезијата и се задржува на најголемите скриени шуплини во срцето... Песната го воздигнува нашето битие и не води кон доброто и вистинското.

Ако, сепак, музиката служи само како одвлекување на внимание или „празно перчење“, тогаш може да биде грешна или штетна.“

Ниче ги напиша овие редови два месеци пред неговиот четиринаесетти роденден – важен момент кога се зема во споредба со „празното перчење“ на денешните тинејџери.

Неговата длабока почит кон музиката никогаш не го напушти.

Кон крајот на неговиот живот, тој го овековечи својот добро познат афоризам:

„Какво безделничење ја сочинува среќата! Звук на гајда! Без музика, животот би бил грешка. Германецот го замислува дури и Господ како текстописец“

Извор: www.brainpickings.org.

Последен пат изменето на Четврток, 15 Октомври 2015 14:33
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…