Недела на германски филм на УГД

Неделата на германски филм на Универзитетот „Гоце Делчев“ ќе се одржува и оваа година. Дел од најдобрите германски филмови публиката ќе има можност да ги види во Мултимедијалниот центар на УГД. Неделата започнува од 31 октомври (понеделник) и ќе трае до 4 ноември (петок).

На репертоарот годинава ќе се најдат филмовите:

31.10.2016 – 20 часот – Мед во главата (трагикомедија)

1.11.2016 – 20 часот – За една девојка (комедија – драма)

2.11.2016 – 20 часот – Државата против Фриц Бауер (историја/драма)

3.11.2016 – 17 часот – Куќата на крокодилите (детски филм)

3.11.2016 – 19 часот – Хердер – Помеѓу два света (историја/драма)

4.11.2016 – 20 часот – Тура на животот (трагикомедија)

Неделата на германски филм ќе се одржи во Мултимедијалниот центар на УГД (Економски факултет), во организација на Амбасадата на Сојузна Република Германија, Прокредит банка и Универзитет „Гоце Делчев“.

Детали за сите филмови можете да најдете тука - filmfest 2016.

Програма (.pdf).

Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…