Професорите Емилија Потевска-Попивода и Бранко Павловски со одличен настап во Софија

Долги аплаузи и бис измамија македонските музички уметници Емилија Потевска-Попивода и Бранко Павловски пред полниот салон на Mузичкиот центар „Борис Христов” во Софија. Двајцата уметници се професори од Музичката академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

На програмата насловена како Џез импресии за пијано и кларинет беа изведени: „Рапсодијата во сино” од Џорџ Гершвин, „Историјата на тангото” од Астор Пјацола, „Сонатата” од Леонард Бернштајн и посебно впечатливата интерпретација на „Кончертино” од Анте Гргин.

На концертот освен претставници од дипломатскиот кор беа присутни и бројни угледни бугарски и странски музички уметници. Во име на Амбасадата на Р.Македонија во Софија познатите македонски уметници ги поздрави и претстави директорот на македонскиот Центар во Софија Васко Шутаров.

Концертот беше дел од Годишната програма на Центарот за 2016 година и финансиски беше поддржан од Министерството за култура на Р. Македонија.

 

Последен пат изменето на Петок, 21 Октомври 2016 09:17
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…