Мирисот на дождот, свежиот леб, парфемот на блиска личност или мирисот на омилената играчка од детството не е само специфичен состав на воздухот кој го вдишуваме, туку и почеток на патување низ времето.
Овој Прустов феномен, кој се нарекува така поради фактот дека францускиот писател Марсел Пруст кон почетокот на дваесетиот век тргна во потрага по изгубеното време во истоимениот роман.
Во романот, мирисот на чајот и кекс кај него пробудува спомени за детството, оживувајќи ги луѓето и деловите кои писателот целосно ги потиснал во своите сеќавања. Сто години подоцна, бројни истражувања го потврдуваат влијанието на мирисот врз сеќавањето.
Мирисот е еволутивно најстарото сетило. Ниедно сетило не остварува толку силна поврзаност со емоциите и сеќавањето, како што тоа го прави мирисот.
Причината се крие во човечката анатомија и начинот на кој мирисот патува од носот до мозокот. Мирисот со помош на кранијалните нерви се пренесува од носот до булбус опфакториус, дел од лимбалниот систем кој се наоѓа во непосредна близина на амигдалата, која на информациите им дава емоционално значење; како и хипокампусот, делот од мозокот задолжен за пренесувањето на информациите од краткотрајната во долготрајната меморија.
Додека информациите добиени со другите сетила до мозокот патуваат преку таламусот до кортексот, мирисот доаѓа директно до лимбалниот систем и деловите од мозокот задолжени за емоциите и сеќавањето.
Затоа мирисот брзо и непосредно покренува носталгични сеќавања, дури и пред да биде идентификуван.
При првата средба со новиот мирис, мозокот воспоставува врска помеѓу сетилниот стимул и моментот во кој овој се јавува, како и случувањето, личноста и чувствата.
Секое наредно присуство на идентичниот мирис ќе предизвика сеќавање на моментот во кој тој првпат го предизвикал сетилото. Затоа носталгичните сеќавања стекнати на овој начин најчесто се поврзани со периодот во кој се откриваат нови сетилни сензации и прво запознавање со светот околу себе – детството.
Неврологот Алан Хиршч во 90тите години од 20 век истражуваше кои мириси будат носталгија и во одоговорите кои ги доби од случајни минувачи на улиците во Чикаго, сознал дека најмногу сеќавања буди мирисот на печен леб и колачи. Освен тоа, Хиршч во своето истражување заклучи дека луѓето кои се родени пред 30тите години од 20 век главно реагираат на природни мириси, додека помладите генерации ги асоцираат своите спомени со вештачки мириси. Овој таканаречен Прустов феномен, во поново време стана предмет на маркетиншка манипулација.