Концертот е во организација на правнуката на Крсте П. Мисирков, Елена Мисиркова, и Здружението „МАКЕДОН“.
Покрај настапот на Елена Мисиркова, која ќе настапи на пијано, во програмата се вклучени поетско читање, драмска изведба на претставата „Вечната куќа“, хорска изведба и уште многу други настани.
Мисиркова е професорка на Универзитетот „Гоце Делчев“ и веќе подолго време е дел од Музичката академија при УГД.
Концертот ќе се одржи на 30 октомври (недела) во 19 часот во Македонска опера и балет.
Програмата за настанот може да се види на следниов линк, а интервјуто со правнуката на Мисирков следува во видеото во продолжение.