Настанот беше исполнет со настапи на уметници на пијано, со изведба на познати оперски дела од светската и од македонската сцена. На пијано настапи правнуката на Крсте Петков Мисирков, Елена Мисиркова, која е дел од Музичката академија при Универзитетот „Гоце Делчев“, кој пак го поддржа концертот. Покрај Мисиркова, која заедно со Здружението „Македон“ беше главен иницијатор за овој концерт, настапија и деканот на Музичката академија Антонијо Китановски, заедно со Добрила Грашкова, потоа пијанистката Јанинка Нефчева и баритонот Ристе Велков, како и актерот Владо Јовановски, кој изведе дел од претставата „Вечната куќа“.
Концертот беше поддржан од Универзитетот „Гоце Делчев“, од Македонската опера и балет, Драмски театар – Скопје, МНТ – Скопје, ЕВН Македонија и АЕК.
Видео