Концерт на Музичката академија во Штип

Студентите Елена Ефремова и Петар Трбојевиќ во среда, 9 ноември, ќе одржат целовечерен концерт на Музичката академија со почеток во 18 часот. На концертот тие ќе изведат дела за пијано од Бах, Бетовен, Григ, Скрјабин, Брамс и Симоноски.

Елена Ефремова е апсолвент во класата по пијано на проф. д-р Емилија Потевска-Попивода, а Петар Трбојевиќ е апсолвент во класата по пијано на проф. д-р Милица Шкариќ. Концертот ќе се одржи во концертната сала на Музичката академија во Штип.

Последен пат изменето на Среда, 09 Ноември 2016 12:27
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…