Концерт по повод 135 години од раѓањето на Бела Барток

Музичката академија на УГД во соработка со Aмбасадата на Унгарија во Р.Македонија, а во рамките на фестивалот „Есенски музички свечености“, организираше концерт по повод 135 години од раѓањето на композиторот Бела Барток. По повод организацијата на овој концерт, на Музичката академија престојуваше и амбасадорот на Унгарија во Р.Македонија, н.е. Ласло Дукс.

На концертот беа презентирани податоци од богатата биографија на славниот композитор, а неговите дела ги изведуваа ученици и професори од ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“ во Скопје, од ДМБУЦ „Сергеј Михајлов“ во Штип, од ФМУ во Скопје, како и студенти и професори од Музичката академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип.

Последен пат изменето на Среда, 07 Декември 2016 16:14
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…