Новогодишни концерти на Музичката академија при УГД

Музичката академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ ќе одржи серија новогодишни концерти на своите оддели. Во понеделник (19 декември) новогодишен концерт ќе одржи Одделот за џез студии со џез концерт. Следниот ден (20 декември) со свој концерт ќе се претстават студентите и професорите од Одделот за дувачки инструменти. На 21 декември ќе има концерт на традиционална музика, а на 22 декември концерт на класична музика. Последниот од овој серијал на концерти ќе се одржи на 23 декември и тоа ќе биде концерт на клавир и труба.

Сите концерти ќе се одржат во концертната сала на Музичката академија во 12 часот.

Последен пат изменето на Петок, 16 Декември 2016 13:15
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…