Професор од Норвешка одржа семинар на Музичката академија

Во концертната сала на Музичката академија на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип семинар под наслов „Интонација“, одржа проф. Сесил Грундал од Школата за музика и култура од Осло, Норвешка.

Во теоретскиот дел од семинарот таа ги претстави основните закономерности и карактеристики на интонацијата кај темперирани и не темпирани акустични музички инструменти кои се дел од симфонискиот оркестар, додека во практичниот дел преку вежби го демонстрираше нејзиниот метод на штимање со активно учество на сите присутни. 

На семинарот учествуваа студенти од сите катедри на Инструменталниот оддел на Музичката Академија, како и ученици од ДМУЦ Сергеј Михајлов од Штип, кои пред и во текот семинарот изразија голем интерес и ентузијазам, не криејќи го своето задоволство од слушнатото и наученото.

Проф. д-р Бранко Павловски како еден од организаторите и се заблагодари на проф. Грундал и рече дека семинарот за интонација претставува исклучителна можност за студентите на нашата академија да се здобијат со знаења и вештини за интонацијата како многу значаен аспект од техниката на свирење на еден музички инструмент пренесен преку нејзиното долгогодишно искуство како врвен педагог.  

Последен пат изменето на Четврток, 05 Јануари 2017 15:26
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…