Тие интерпретираа сонати за кларинет и пијано од познати композитори од класицизмот, романтизмот и модерната: Д. Данци, Д. Скарлати, Т. Гуви и Ф. Пуланк.
Професорите Павловски и Потевска- Попивода се истакнати македонски репродуктивни уметници со богата интернационална музичка кариера и професори на Музичката академија при УГД во Штип.
Лејла Јакубович потекнува од Сараево, а во моментов живее и работи во Истанбул, Турција. Претходно во својата музичка кариера како професор по пијано работела во Дубаи. Настапувала во Босна и Херцеговина, Хрватска, Малезија, Дубаи, како и во најпрестижните сали во Турција: CKM Kultur Muzik Center, Notre Damm Church Kadikoy, Buyuk Klub и други. Таа снимила многу популарен спот за музичката куќа „Drums and Music“ во кој ја свири клавирската музика за композицијата „Чанак Кале“. Лејла Јакубович е добитничка на повеќе награди и признанија.