(ФОТО) Како изгледа првата фотографија на Месечината

Денес кога гледаме илјадници фотографии на социјалните мрежи тешко може да го замислиме времето кога фотографирањето било резервирано за многу мал број луѓе. Еден од наједноставните предизвици за современата фотографија е Месечината. Доволен е малку подобар фотоапарат и доволно трпение за да се направи одлична фотографија на Месечината.

ред помалку од 200 години, поточно на 2 јануари 1839 година е направена првата фотографија на Месечината која воедно била и првата астрофотографија направена воопшто. Фотограф бил францускиот пронаоѓач и зачетник на фотографијата Луј Дагер. Пред да се направи оваа фотографија сите астрономски набљудувања на Месечината биле пренесувани како цртежи на хартија, а потоа анализирани. \

За жал, првата фотографија на Месечината направена од Дагер не е сочувана, но неговата техника на снимање станала најчеста техника и ја презеле голем број научници.

Прва оригинална сочувана фотографија на Месечината фотографирана од д-р Џон Вилијам Драпер во 1840 година

Првата сочувана фотографија е направена во Северна Америка во 1840 година од страна на Џон Вилијам Драпер, доктор и хемичар. Подоцна се направени и низа други фотографии кои даваат појасен приказ на Месечината и нејзината структура. Најпопуларна фотографија од тој период која е сочувана во својата оригинална состојба е фотографијата на Џон Адамс Випл од 1851 година.

Фотографија на Џон Адамс Випл од 1851 година, снимена со истата технологија како и првата астрофотографија

Последен пат изменето на Среда, 01 Февруари 2017 12:24
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…