Ќе се работи на подобрување на безбедноста, на заштита од дожд и снег за посетитетиле кои чекаат во редиците, на модернизација на лифтовите и на вториот кат, како и на намалување на редиците од посетители благодарение на новите приемни простории.
Ајфеловата кула е изградена во 1889 година за Светски саем (World Fair) со намена да остане само привремено, но се претворила во најголема париска атракција. Кулата опстојува толку долго благодарение на редовните реновирања, а ова што следи е едно од најголемите досега.
Претходната голема реконструкција е изведена во 1981 година, со цел да се намали тежината на кулата за 1.000 тони. Имено, во кулата е отворен ресторан што дополнително ја зголемил тежината и влијаел на структурните деформации. Тогаш биле реновирани лифтовите, скалите и се работело на зголемување на безбедноста.
За прославата на новиот милениум во 2000 година на кулата беа додадени 20.000 светилки инсталирани една по една, кои и денес се користат за петминутното шоу што секоја вечер ги воодушевува парижаните и посетителите на овој главен град.