Отворена студентска изложба „Мојот универзитет“

Во фоајето на Центарот за култура „Ацо Шопов“ – Штип, непосредно пред почетокот на Свечената академија по повод 10 години УГД, беше отворена Изложба на студентски фотографии. Фотографиите се дел од пристигнатите на Конкурсот кој УГД го распиша по повод јубилејот, на тема „Мојот универзитет“.

По повод 10-годишнината од основањето на УГД, Универзитетот организираше Конкурс за фотографија, насловен „Мојот универзитет“, на кој учествуваа студенти од сите факултети при УГД. Пристигнаа 62 фотографии, од кои тричленото жири избра 20 фотографии за изложување, а меѓу нив избравме и три кои беа наградени со парична награда. Првата награда ја доби Сергеј Смилков од Ликовната академија, втората награда студентот Халид Хоџиќ од Филмската академија и третата студентот Горан Србиновски од Музичката академиоја. Овие фотографии беа направени во изминатиот месец, а услов беше фотографиите да бидат снимени во Република Македонија, не мораше да бидат снимени во некој факултет. Темата беше доста широка и опфаќаше она што студентите ги асоцира и иснпирира под насловот „Мојот универзитет“, па така имаме најразлични теми и фотографски жанрови претставени на оваа изложба изјави проф. Роберт Јанкуловски.


 

Последен пат изменето на Петок, 24 Март 2017 13:05
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…