- На 10 мај во 20 часот во ЦК „Ацо Шопов“ настап на „Скопје танцов театар“ на Рисима Рисимкин;
- На 13 мај во 20 часот во ЦК „Ацо Шопов“ уметнички настап на Игор Киров.
„Скопје танцов театар“ ќе настапат со претставата „Кожа“ (современа танцова претстава). Првиот дел од претставата е насловен „Котел“ - кореограф и режисер: Рисима Рисимкин, музика: Тони Китановски и костими: Благој Мицевски. Вториот дел „Погрешно“ / “Wrong“ - кореограф: Адријана Данчевска, музика: Верка, аудио eдитор: Горан Ристевски и костими: Благој Мицевски.
Игор Киров ќе настапи со претставата „5 до 12“. Киров се јавува како кореограф на претставата за која музиката ја напиша Кирил Џајковски.
Билетите за дел од настаните веќе се во продажба во билетарницата на Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип.