„Скопје танцов театар“ настапи на Уметничка пролет на УГД

Со настапот на „Скопје танцов театар“ на Рисима Рисимкин продолжи манифестацијата Уметничка пролет на УГД. Настапот на овој извонреден ансамбл предводен од Рисима Рисмкин се одржа во Центарот за култура „Ацо Шопов“, а беше збогатен и со настап на студиото „Break the floor“ од Штип.

„Скопје танцов театар“ ја изведе современата танцова претстава „Кожа“, во два дела – првиот дел „Котел“, со музика на Антонијо Китановски и костими на Благој Мицевски, и вториот „Погрешно“, кореограф Адријана Данчевска, музика Верка, аудио едитор Горан Ристевски и костими Благој Мицевски.

Уметничка пролет на УГД завршува со претставата „5 до 12“, на која како кореограф се појавува штипјанецот Игор Киров, а музиката ја напиша Кирил Џајковски. И оваа претстава ќе се одржи во Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип, во сабота, 13 мај, со почеток во 20 часот.

Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…