Успешни настапи на професори на Музичката академија при УГД

Членовите на камерниот состав „Трио Академико“, проф. м-р Златка Митева на флејта,  проф.  д-р Бранко Павловски на кларинет и доц. м-р Наташа Трбојевиќ на пијано, неодамна успешно се претставија пред музичката публиката во Хрватска и во Србија со целовечерни концерти на камерна музика, промовирајќи ја Музичката академија и УГД - Штип.

На програмата беа изведени одбрани дела од различни стилски епохи специјално компонирани за ваков камерен состав од Сенс-Санс, Кавалини, Азарашвили, Еванзен, Саломон и Јанковски.

На 11 мај 2017 година тие како единствени претставници од Македонија настапија на престижниот меѓународен фестивал „Inter Voks“, кој се одржа во Музејот на Славонија во организација на Уметничката академија во Осиек. На 12 мај 2017 година, „Трио Академико“ одржа концерт во концертната сала на Факултетот за музичка уметност при Академијата на уметностите во Нови Сад, што го означи почетокот на идната соработка помеѓу двете музички академии. Овие концерти беа проследени од многубројна музичка публика со голем интерес и внимание која македонските репродуктивни уметници ги врати на бис.

Следниот  настап  на „Трио Академико“ е на Музичката академија „Франц Лист“ во Пеќ, Унгарија.

Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…