- Името на изложбата кажува многу - „Еднаш ние“, и како прва изложба и соработка на повеќе факултети и академии да стане традиција. Делата кои се пред вас се цртежи, слики, проекти, плакати и скулптури на студентите на прв и на втор циклус студии на Ликовната академија и насоката Архитектура и дизајн на ФПТН, а делата се портрети на наставничкиот кадар, со кои секој професор треба да биде горд. Овие студенти имаат специјална можност да се претстават со своите дела, со кои ќе се збогати угледот на Универзитетот и остава силен впечаток во кругот на почитувачите на уметноста и дизајнот. Делата кои се претставени од студентите се верни на реалноста, најискрени, најавтентични – изјави деканката на Ликовната академија при УГД, проф. д-р Катерина Деспот.
На отворањето на изложбата свој настап имаа и студентите на Музичката академија. Изложбата е во Уметничката галерија „Безистен“ во Штип и за посетителите ќе биде отворена до 26 мај.