Летна школа за дизајн во организација на ТТФ и НУУБ „Гоце Делчев“

Технолошко-техничкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ и НУ Универзитетска библиотека „Гоце Делчев“ – Штип организираа Летна школа за дизајн. Летната школа се одржа во просториите на Библиотеката и е трета по ред. Школата покажува дека соработката на ТТФ и Библиотеката е успешна.

Ментор на летната школа беше м-р Сања Ристевски од Технолошко-техничкиот факултет, заедно со студентите Стефан Максимов и Ана Ѓорѓева, кои знаењето им го пренесоа на помладите. Учесниците ги изучуваа основите на дизајнот, учеа да цртаат, конструираат и моделираат.

Според м-р Ристевски, школата е корисна од повеќе аспекти – пред сѐ младите имаат можност да си ги откријат своите афинитети, по што може да станат студенти на Технолошко-техничкиот факултет, кој пак преку соработката со текстилната индустрија во Штип ќе овозможи сите тие полесно да најдат свој ангажман во иднина во областа кон која имаат афинитет. На ваков начин се продлабочува соработката и со Библиотеката, но и со текстилниот сектор.

 

Последен пат изменето на Четврток, 31 Август 2017 14:33
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…