Концерт на современа македонска музика трио „Грациозо“

Музичкото трио „Грациозо“ на 19 октомври се претстави пред многубројната публика во Кавадарци, каде што се претставија со палета на композиции од современата македонска културна ризница, како С. Стојков, Т. Зографски, Т. Скаловски, Д. Шуплевски, Т. Прокопиев и сплет од фолклорни македонски композиции во аранжман на С. Иванов.

Триото е во состав: д-р Невенка Дуковска (пијано), доцент на Музичката академија при Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип, м-р Кристина Палија (сопран) и Памела Велкова (виолина).

Настапот е проект финансиран од Министерство за култура на РМ и се одржа во рамките на „Кавадаречка културна есен 2017“ во Домот на културата „Иван Мазов - Климе“ во Кавадарци. Целта на овој проект е да се стави акцент на современата музика, да се актуализира и фаворизира пред нашата јавност, алудирајќи на тоа дека уметноста и музиката доаѓаат од културниот идентитет на нациите и, секако, манифестација на фолклорните идиоми преточени во современата класична музика.

Последен пат изменето на Четврток, 02 Ноември 2017 08:55
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…