Целовечерни концерти на професорки од Музичката академија со дела од македонски композитори

На 18 октoмври во Уметничката галерија „Безистен“ во Штип и на 26 октомври во Музејот „Борис Христов“ во Софија, Бугарија, се одржаа два  концерти насловени  „Вечер на македонски автори“, на кои беа изведени дела за флејта и пијано од македонски композитори од неколку генерации.

На концертите настапија Златка Митева на флејта и Наташа Трбојевиќ на пијано. Програмата ги опфти делата Соната од Стојан Стојков, Токатина од Гоце Гавриловски, композицијата Метеори на Валентина Велковска-Трајановска, Охридска пастрмка од А. Мелоти, Дијалог оп. 105 од Томислав Зографски, Варијации за флејта и пијано од композиторот Љубомир Бранѓолица и суитата Дојранка од Трајко Прокопиев.

Концертите беа поддржани од Министерството за култура на Република Македонија.

Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…