Покрај проекцијата на филмот, предвидено е режисерот и дел од филмската екипа, која ќе присуства на штипската премиера на „Исцелител“, да одржат работилница со студентите.
Исцелител е црна комедија за двајца луѓе, татко и син. Веле го оставил факултетот и работи како механичар во железничко депо за да може да се грижи за својот татко Саздо, кој е болен од рак. Стариот човек ѝ се препушта на болеста. По смртта на неговата жена и на постариот син во сообраќајна несреќа, тој не наоѓа смисла во неговиот живот. Веле работи во железничкото депо како механичар и платата му доцни со месеци. Немајќи пари да купи лекови за својот татко кој е болен од рак, тој прави колач со украдена марихуана за да му ги ублажи неподносливите болки. Одеднаш е притиснат од криминалците кои си ја бараат дрогата назад и соседите душкала кои сакаат рецепт за „магичниот“ колач, а во Веле гледаат нова надеж – исцелител.
Филмот „Исцелител“ е во продукција на „Фрагмент филм“ од Македонија, во копродукција со „Граал С.А.“ од Грција, а е финансиран од Агенцијата за филм на Република Македонија, Грчкиот филмски центар и SEE Cinema Network.