Бранко Павловски и Емилија Потевска настапија на “Pro musica”

На 25.12.2015 година, понеделник, во фоајето на Македонската Опера и Балет, солистички концерт одржаа Бранко Павловски на кларинет и Емилија Потевска Попивода на пијано, во рамките на циклусот концерти „Pro Musica“ на Сојузот на Музички Уметници на Македонија.

Павловски и Потевска се професори на Музичката Академија на УГД во Штип со богата интернационална музичка кариера и вистински претставници на македонската култура во светот. Тие настапувале во САД, Јапонија, Англија, Франција, Германија, Белгија, Австрија, Унгарија, Чешка, Словачка, Полска, Италија, Бугарија, Хрватска, Србија, Црна Гора...

На програмата беа изведени дела од класичната музика кои содржат џез идиом од следниве композитори: Р. Вагнер, Л. Берштајн, Ф. Пуланк, А. Пјацола, А. Гргин. Задоволната публика ги награди со долг аплауз и овации, по што тие на бис ја изведоа концертната пиеса Џез Пејач од К. Лоури.   

Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…