Изложбата е резултат на Едукативна работилница за практична примена на знаењата, која во рамките на заложбите за имплементирање на вонинституционални форми на високошколска настава ја организираа ФОН и Ликовната академија. Едукативната работилница беше организирана на локалитетот Баргала, на тема „Доцноантичка Баргала“, а учествуваа студенти и наставници од двата факултета. Беа спроведени повеќе активности – еколошки, чистење на конзервираните објекти, запознавање со значењето и содржината на археолошкиот локалитет град Баргала, предавања за објектот, настава во природа, литературно творење, како и ликовно изразување и творење, од кое произлегоа и делата кои студентите на Ликовната академија ги реализираа со примена на ликовните техники јаглен на хартија и масло на платно.
Изложбата ќе биде отворена до 21 март.