(Видео) Филозофски филмски фестивал во Штип

Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип и Филозофското друштво на Македонија организираат две филмско-филозофски вечери со 8. ФИЛОЗОФСКИ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ. Фестивалот ќе започне утре (24.4.2018 година) во 19 часот во свечената сала на Правниот факултет во Штип.

Програмата на фестивалот е следна:

24 април (вторник)
- ГРАЃАНИНОТ (The Citizen / Az állampolgár, 2016) реж. Роланд Враник / Roland Vranik (HU), 110’ Најдобар долгометражен филм според жирито.
- КЛУКАЈДРВЦИТЕ ОД РОТА (The Woodpeckers of Rotha / Dadyaa, 2016) реж. Пуџа Гурунг и Бибхусан Баснет / Pooja Gurung & Bibhusan Basnet (NP/FR), 16’ Најдобар краткометражен филм според жирито.

25 април (среда)
- КРАЈ МЕНЕ (Beside Me / Coborâm la prima, 2017) реж. Теди Некула / Tedy Necula (RO), 84 мин. Најдобар долгометражен филм според публиката.
- MODERNE KUNST (2017) реж. Марко Шантиќ / Marko Šantić (SI), 17’ Најдобар краткометражен филм според публиката и Специјално признание од жирито.
- ТИШИНАТА (The Silence / Il Silenzio, 2016) реж. Али Асгари и Фарнуш Самади / Ali Asgari & Farnoosh Samadi (IT), 15’ Специјално признание од жирито.

 

Последен пат изменето на Среда, 25 Април 2018 08:02
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…