Изложба и концерт на УГД

 

Ликовната академија, студиската програма Архитектура и дизајн во рамките на Технолошко-техничкиот факултет и Музичката академија ја одржаа својата традиционална годишна изложба и концерт.

Изложбата и концертот беа посетени масовно од страна на голем број млади луѓе и уметници од Штип.

Деканката на Ликовната академија Катерина Деспот ги поздрави присутните и истакна дека ова е исклучително значајно за студентите на уметничките академии, како и за студентите на студиската програма Архитектура и дизајн.

Изложбата и концертот се одржаа во Уметничката галерија „Безистен“ во Штип.

Последен пат изменето на Четврток, 31 Мај 2018 08:31
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…