Трио Парнасус со целовечерен концерт во Штип

Во четврток 7 јуни со почеток во 17 ч. во концертната сала на Музичката академија при УГД - Штип, трио Парнасус ќе одржи целовечерен камерен концерт.

Триото во состав проф. д-р Милица Шкариќ - пијано, проф. м-р Паскал Краповски - виолончело и Гонца Богоромова-Краповска - сопран ќе изведе дела од Андре Превин, Џејмс Хајвард, Герхард Дајс, Пирзади Ниса Инајат Кан, Дамјан Темков и Михајло Михајловски. Триото ќе одржи концерти и во Тетово на 6 јуни во ДМУ „Тодор Скаловски-Тетоец“ со почеток во 17 ч. и на 8 јуни во Домот на културата во Струмица со почеток во 20 ч.

На концертите ќе присуствува и англискиот композитор Џејмс Харвард, чија композиција напишана за триото Парнасус ќе доживее светска премиера. 

Последен пат изменето на Понеделник, 04 Јуни 2018 08:29
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…