Студентите од ТТФ изложуваа во Прилеп

„Биди и ти дел од високата мода“ беше насловена изложбата со креации на студентите од Технолошко-техничкиот факутлет која се одржа во НУЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп.

На настанот, под менторство на доц. м-р Јордан Ефремов, се претставија студенти од втора и од трета година на ТТФ по предметите Современа уметност и дизајн и Психологија на облекување.

Основен мотив на изложбата по предметот Современа уметност и дизајн беше апликација и примена на дела од современата ликовна уметност во дизајнирани модни производи. Додека идејата по предметот Психологија на облекување беше креирање на модели за различни пригоди и настани.

На изложбата беа изложени околу 40 цртежи во комбинирана техника, потоа беа изработени креации на модели со помали димензии, а изложбата траеше три дена.

Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…