Доц. м-р Јошко Ефремов при отворањето на изложбата истакна дека студентите на студиските програми за Класично сликарство и вајарство изложуваат 20 слики и 8 скулптури, изработени за време на наставниот процес на овие студиски програми на Ликовната академија, кои располагаат со слободни места и за студиите во академската 2018/19 година.