Проф. Хакл е изведувач на барокна флејта, директор на Музичкиот конзерваториум Прегартен (Австрија) и има своја мини фабрика за изработка на чембала. Специјално за студентите во Штип го донесе и своето чембало Grimaldi од Австрија, на кое студентите имаа можност и да засвират.
Во своето инспиративно предавање тој подели стручни детали за настанокот на овој инструмент, неговото штимање во минатото, начинот на изведба, па сѐ до модернизирањето на инструментот и настанокот на модерното пијано. Во преполната сала на Музичката академија, каде што покрај студентите на УГД присуствуваа и професори и ученици од музичките училишта во Штип и во Велес, проф. Хакл го започна предавањето со своја изведба на композиција од Бах за барокна флејта и чембало. На чембало го придружуваше Емилија Потевска-Попивода, професор по пијано на Музичката академија во Штип, која беше и организатор на овој настан. Двајцата професори соработуваат веќе неколку години, настапувајќи на неколку концерти и предавања во Австрија и реализираат заеднички снимки за Музичкиот конзерваториум во Перг.
По успешното предавање кое предизвика големо внимание кај студентите, проф. Хакл го најави и неговиот следен мастер клас во Штип за студентите на Музичката академија при УГД.