Васил Хаџиманов веќе долги години е визитинг професор на Музичката академија при УГД.
- Ова е голема чест и голема одговорност за мене. Благодарам на Универзитетот и особено на деканот на Музичката академија, м-р Тони Китановски, без кого ова не би било. Доста долго сум визитинг професор на Академијата и немам намера да престанам со своето делување - изјави на доделувањето на признанието професорот Васил Хаџиманов.
Васил Хаџиманов е познат музичар, композитор и пијанист. Се занимава со џез и етно музика и е основач на Васил Хаџиманов бенд. Син е на познатиот Зафир Хаџиманов. Дипломирал како стипендист на Универзитетот Беркли во САД, а некое време настапувал и со познати музичари во Њујорк. Има соработувано со музичари како Дејвид Гилмор и Крис Чик. Во текот на својата кариера правел музика и за познати филмови и ТВ серии. На Универзитетот „Гоце Делчев“ е ангажиран како предавач на Одделот за џез музика при Музичката академија.