Главна цел на изложбата е да го презентира културно-историското наследство од југоисточниот дел на Македонија. Ова е сведоштво кое нѐ доближува и нѐ внесува во нашето минато. Историјата векови наназад ја одбележува културата на нашите предци, а ние како нивни наследници ја чуваме и ќе им ја пренесуваме на нашите поколенија.
Изложбата ќе се одржи во Наставниот центар во Гевгелија (Факултет за туризам и бизнис логистика). Отворањето на изложбата е на 9 април 2019 година во 11 часот.