Професор од Музичката академија одржа семинар во Србија

На покана од професори од Музичкото училиште „Стеван Мокрањац“ во Пожаревац, Република Србија, изминатиот период професорот по труба од Музичката академија при УГД - Штип, доц. м-р Баже Костадинов, одржа семинар по труба со повеќе од 20 ученици од основно и од средно образование.

На семинарот беа разработени повеќе типови на техники (расвирување со вибрирање на усните, вибрирање со усник), педални тонови (разложени четиризвуци во една и две октави), вежби и интерпретациски аспекти во водењето на мелодијата, примена на технички вежби, стакато, легато, тенуто итн.

Во рамките на семинарот се одржа и завршен концерт на учесниците, а свој целовечерен концерт имаше и Петар Најдовски, ученик во четврта година во ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ во Штип, кој е во класата по труба на проф. м-р Баже Костадинов. По завршувањето на семинарот, импресиите од сите учесници беа позитивни, што беше поттик за развивање на идеи за понатамошна соработка на учениците од Р. Србија со нашиот Универзитет за нивно идно академско образование.

Последен пат изменето на Петок, 05 Април 2019 15:13
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…