Организатор на манифестацијата е професорот Сашо Поповски, реномиран македонски џез-музичар и шеф на Катедрата за џез при Музичката академија на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, во соработка со Центарот за културна деконтаминација во Битола.
Второто издание носи реномирани светски имиња од џез сцената. Првата вечер фестивалот го отвора специјалниот гостин Теодосиј Спасов и џез артистите и професори на УГД-Штип Тони Китановски и Виктор Филиповски.
Втората вечер е резервирана за настапот на „Џоле Грујовски квартет“ и „Кабадајас“.
Во програмата оваа година е и џез-работилница со наслов Џез фестивали – организација – вмрежување – мобилност на артисти, која ќе се одржи на 20 април во Народниот театар, а ќе говорат: Винко Михајловиќ – Петровац џез фестивал – Р. Црна Гора, Драган Влајниќ – Кикинда џез фестивал – Р. Србија, Ирена Благојевиќ – џез музичар, Белград – Р. Србија, Сашо Поповски – Џез фабрика фестивал – Битола, Бојан Стефковски – Џез фортнајт фестивал – Џез издавач Скопје, Гордана Настевска-Манасијеска – Акаша букинг агенција – Скопје и Тодор Ивановски – Центар за културна деконтаминација.