Недела на германски филм на УГД

И годинава Недела на германски филм на УГД. Во Мултимедијалниот центар на УГД ќе се прикажуваат осум германски филмови од патувачкиот фестивал на новиот германски филм.

Во Штип филмовите ќе се прикажуваат од 21 до 24 мај,  а распоредот е следен:

              21.5.2019 г. во 20.00 часот – „100 работи“ (комедија)

                21.5.2019 г. во 22.00 часотПакет кратки филмови

                22.5.2019 г. во 18.00 часот – „Љубопитниот Тоби и тајната на нашата планета“ (семеен филм)

                22.5.2019 г. во 20.00 часот – „Жешко столче“ (драма)

                23.5.2019 г. во 18.00 часот – „Тим Талер или момчето што ја продаде својата насмевка“ (семеен филм, авантура, драма)

                23.5.2019 г. во 20.00 часот – „Во време кога светлината згаснува“ (комедија, драма)

                24.5.2019 г. во 18.00 часот – „Помош, ги смалив родителите“ (семеен филм, комедија, авантура)

                24.5.2019 г. во 20.00 часот – „Исход на вистината“ (трилер / драма)

Сите проекции се бесплатни и ќе се прикажуваат во салата на Мултимедијалниот центар на УГД (Економски факултет).

Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…